Skip to main content
Свет

Санае Такаичи стана првата жена премиер во Јапонија

21/10/2025  10:48

Санае Такаичи стана првата жена избрана на функцијата премиер на Јапонија, јави јапонската новинска агенција Кјодо.

Поранешната министерка за внатрешни работи, која беше одговорна за економската безбедност, освои мнозинство од гласовите на пратениците, влупно 237, во Претставничкиот дом со 465 места во парламентот на земјата.

Такаичи е лидерка на владејачката Либерално-демократска партија, која вчера склучи коалициски договор со Партијата за обнова на Јапонија.