Skip to main content
Спорт

Тајсон поразен од Џејк Пол во осум рунди

16/11/2024  09:46

Долгоочекуваната боксерска пресметка меѓу легендарниот Мајк Тајсон и инфлуенсерот Џејк Пол заврши со победа на помладиот од двајцата борци. Судиската одлука со резултат 80-72, 79-73 и 79-73 потврди дека Пол бил подобро подготвен и во подобра форма за оваа егзибициска борба.

Борбата, која се одржа во Тексас и ја следеа милиони претплатници на „Нетфликс“, траеше осум рунди. Пол доминираше со 78 прецизни удари, додека 58-годишниот Тајсон успеа да испорача само 18 удари.