
На патот Сремска Митровица – Јарак, автобус од непознати причини слета во канал и се преврте на покривот.
Според неофицијални информации, двајца патници загинаа, а најмалку 10 лица се тешко и полесно повредени. Патниците во моментов се евакуираат од автобусот, но бројот на патници, нивната состојба и причината за несреќата сè уште не се познати, објави Телеграф.
Од правецот на Сремска Митровица кон Рума, забележлив е зголемен број на амбулантни и полициски возила, кои се движат кон Јарак.