
Соопштение за јавност на Левица:
АФЖ – Левица ја изразува својата целосна поддршка за приватните специјализанти кои се соочуваат со голем проблем: и покрај тоа што извршуваат реална докторска работа во јавните здравствени установи, сѐ уште немаат ни здравствено, ни пензиско осигурување во 2025 година!
Ова е срамна и опасна состојба, која се влошува со фактот дека:
• Надоместокот од 26.000 денари доцни,
• Средствата за првите 3-4 месеци воопшто не се исплатени,
• Од 600-те најавени вработувања, 300 ги нема никаде,
• Одлуката од 2018 за висината на надоместокот се крие од јавноста.
Прашањата што од АФЖ – Левица ѝ ги поставуваме на актуелната власт се директни:
– Каде се парите што специјализантите требаше да ги добијат за првите 3 месеци?
– Дали надоместокот за овој месец се чува за партиски поткупи пред избори?
– Зошто не е јавно објавена Одлуката за надоместокот, иако тоа е законска обврска?
– Зошто приватните специјализанти немаат никаква социјална сигурност?
АФЖ Левица ќе продолжи да ја отвора оваа тема, особено затоа што најголем дел од погодените се млади жени – идни докторки кои заслужуваат достоинствени услови, а не бедни трошки и политичка злоупотреба.
Бараме итна исплата на сите заостанати средства, обезбедување на осигурување и транспарентност на целата постапка!
Ова е прашање на елементарна правда и човечко достоинство.
Државата мора да ги заштити оние што се грижат за нашето здравје!