Ришарлисон на грбот го истетовирал Нејмар и својот лик, Нејмар му испратил 30.000 евра за да го избрише

По враќањето дома од Катар, бразилскиот напаѓач Ришарлисон се одлучи за голема тетоважа преку целиот грб.

Иако бразилската фудбалска репрезентација беше елиминирана од Светското првенство во Катар во четвртфиналето против Хрватска, популарноста на 25-годишниот бразилски напаѓач од Тотенхем многу порасна, а тетоважата што ја направи на грбот привлече уште поголемо внимание.

Имено, по враќањето дома Ришарлисон се одлучи за тетоважа на целиот грб, а во неа се наоѓа неговиот лик поставен помеѓу неговиот соиграч Нејмар и Роналдо, легендата на бразилската репрезентација. Над трите глави, во висина на рамената, има тетоважа на реченицата „Ти го насмеа Бразил“, која Пеле му ја испрати по одличните настапи на стартот на Мундијалот.

Сепак, оваа тетоважа не им се допадна на многу луѓе, меѓу кои и Нејмар кој, како што пишува Дејли Стар, на Ричарлисон му испратил 30 илјади евра за да ја тргне сликата од грбот.

Тетоважата набрзо стана вирален хит и предизвика бројни коментари.

Ришарлисон се врати во Англија пред неговото враќање во Премиер лигата. Сепак, тој ќе биде надвор од терените најмалку еден месец поради повреда на тетивата.
Треба да знаете
Последни објави