Skip to main content
Хроника

Починал сведок на судење во Основен граѓански суд Скопје

15/10/2025  14:26

Mаж кој бил сведок на судење во Основниот граѓански суд Скопје, починал во судот.

Како што соопштија од полицијата, вчера во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.