Skip to main content
Македонија

МЗ: На Радиологија при снимање на МР на пациент кој е на кислородна поддршка се случил технички проблем

14/10/2025  16:44

Министерството за здравство соопшти дека вчерашниот ден на Институтот за радиологија бил регистриран технички проблем при снимање на магнетна резонанца (МР) кај пациент кој бил приклучен на кислородна поддршка.

платено политичко рекламирање

Од Министерството нагласуваат дека веднаш се преземени сите безбедносни мерки, а пациентот е во добра здравствена состојба.

Во меѓувреме, се работи на отстранување на дефектот на апаратот, додека другите два апарата за МР функционираат непречено и сите пациенти ја добиваат потребната здравствена услуга.

За да се обезбеди непречено снимање, во интерес на пациентите е воведена втора смена за МР, се додека не се надмине техничкиот проблем, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.