Skip to main content
Македонија

Лимани: Градинката „Младост”, Тетово доби 42 нови вработувања, со новиот објект „Рилиндја”  листите на чекање за упис во градинка ќе бидат минато

15/11/2024  13:55

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, ја посетија  ОЈУДГ „Младост”- Тетово.

Повод за посетата се новите 42 вработувања на воспитувачи и негуватели во оваа јавна установа, 13 по основ на пензионирања односно испразнети работни места, а 29 вработувања за новиот објект „Рилиндја” кој наскоро ќе биде отворен.

Во обраќањето пред присутните министерот Лимани искажа задоволство што конечно проблемот со кадар во оваа јавна установа е решен.

„Ме радува фактот што успеавме после 2 години закочен процес за вработувања во оваа Јавна установа, конечно да се реализираат потребите од кадар во истата. Задоволство ми е да соопштам дека обезбедени се и вработувањата за новиот објект „Рилиндја”, кој наскоро ќе биде и официјално отворен,” посочи Лимани.

Тој истакна дека обезбедувањето на стручен кадар во детските градинки и инвестирањето во зајакнување на нивните компетенции придонесува за квалитетот на воспитно образовниот процес. Како и дека министерство ќе продолжи посветено да работи во насока на обезбедување на предучилишно воспитание и образование согласно предвидените стандарди.