Skip to main content
Балкан

Албанија од утре привремено ги забранува електричните тротинети

12/10/2025  20:10

Од утре, албанското Министерство за внатрешни работи ќе спроведе операција за забрана на движењето на електрични тротинети. Веста ја објави министерката Албана Кочиу, која денес ги претстави новите мерки за јавна безбедност поврзани со употребата на електрични скутери и тротинети.

Кочиу изјави дека Министерството добило голем број поплаки од граѓани за опасноста што ја претставуваат овие возила, особено за малолетници и постари лица кои се движат по патиштата, но и за самите нивни корисници.

„Податоците од Државната полиција го потврдуваат овој растечки проблем“, рече Кочиу.

Кочиу нагласи дека побарала од државната полиција привремено да не дозволи движење на електрични тротинети по патиштата.

„Ќе изготвиме јасни и применливи правила за сите, разјаснувајќи еднаш засекогаш кои ленти, патишта или простори се дозволени за тротинети, а каде не. Ќе се утврдат и критериуми за возраст на употреба, заштитни мерки како што се шлемови, осветлување и ограничувања на брзината. Додека не се изготви целосна регулаторна рамка, јавниот интерес налага навремена интервенција“, изјави Кочиу.