Skip to main content
Скопје

Оливера Ливриниќ: Денес зборувавме за најважното – здравјето, изборите нека се на пауза!

11/10/2025  12:24

Во рамки на активностите насочени кон подобрување на квалитетот на живот во општина Бутел, денеска беше организирана акција за мерење на шеќер и крвен притисок за граѓаните, на иницијатива на кандидатката за градоначалник Оливера Ливриниќ и кандидатите за советници на локалните избори 2025.

Акцијата беше реализирана со поддршка од докторите Симон Бешлиев, Санија Љатиф Петрушевска, Коста Дохчев, како и со поддршка на нашата Елизабета Ѓоргиевска, кои волонтерски го понудија своето време и експертиза. Со заеднички ангажман беше овозможено граѓаните да направат бесплатна проверка и да добијат совет за превенција и одржување на добро здравје.

„Денес изборите ги оставивме настрана и зборувавме за најважното нешто во животот – здравјето. Со задоволство ги пречекав моите сограѓани, разговаравме за секојдневните навики и предизвици, и за тоа како можеме повеќе да се грижиме еден за друг”, изјави Ливриниќ.

Таа додаде дека ваквите активности се насочени кон поттикнување на свеста за значењето на превентивното здравје и грижата за себе, но и кон создавање чувство на заедништво и поддршка во општината.

Акцијата претставува дел од поширокиот пристап на Ливриниќ за промовирање на вредностите на солидарност, хуманост и активна грижа за граѓаните на Бутел.