Skip to main content
Македонија

Му пишав на Илон Маск само за да го смирам вујко ми, сведочи неговиот внук од сестра

15/11/2024  12:07

Му пишав на Илон Маск само за да го смирам вујко ми, иако знаев дека најбогатиот човек нема да ми врати на пораката, сведочи Иво Нешковиќ, внук од сестра на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, обвинет за помагање.

Тој кажа дека во неколку наврати му позајмувал пари на вујко му, а последен пат му позајмил 30 илјади денари.

И тој тврдеше дека Александар немал долгови и дека сите пари што му ги позајмувал, Александар му ги враќал.

Тој помагал во потрагата на Вања, а со вујко му прв пат се слушнал неколку дена по исчезнувањето, кога тој му рекол да му пише на Маск дури и да му прати слика.

Го направил тоа бидејќи вујко му бил во агонија.