Skip to main content
Скопје

Шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје утре нема да работат

10/10/2025  12:29

ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува граѓаните на град Скопје, дека на ден 11.10.2025 година ( сабота ), по повод државниот празник, Ден на народното востание на македонскиот народ, шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на претпријатието нема да работат.

Во понеделник, 13.10.2025 година, се продолжува со редовно работно време.