Skip to main content
Македонија

Сообраќајот на патниот правец Велес-Тетово помеѓу клучките Волково и Кондово е целосно затворен

10/10/2025  08:48

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ известуваат дека патниот правец Велес-Тетово и обратно помеѓу клучките Волково и Кондово е целосно затворен поради изведба на градежни работи.

ВРЕМЕНА ИЗМЕНА НА СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец Велес-Тетово и обратно помеѓу клучките Волково и Кондово е целосно затворен поради изведба на градежни работи и истиот ќе се одвива двонасочно во должина од 300 метри во правецот Тетово-Велес.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.