Skip to main content
Македонија

Ако стане градоначалник на Струга, Менди Ќира ќе го продаде „Аудито“ на Мерко 

09/10/2025  16:07

Независниот кандидат за градоначалник на општина Струга, поддржан од ВЛЕН, Менди Ќира најави продавање на фамозното службено возило марка Ауди, кое досега го возеше актуелниот градоначалник.

Како што вели, тој ќе си го користи сопственото возило.

„Фамозното Ауди ќе се продаде, и наместо тој автомобил, ќе се користи мојот автомобил, како градоначалник нема да се штеди во тој дел. Со овие чекори ќе стигнеме во старт милион евра за 4 години кои можеме да ги искористиме за друга намена“, порача Ќира. (4news)