
Се спроведува полициска акција во скопските населби Ѓорче Петров, Хром и Нерези, насочена против организирана мрежа за трговија со дрога, неофицијално дознава Press24.
Според информациите, инспектори од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР извршиле упади на повеќе локации, со цел апсење на лица инволвирани во продажба и распространување на кокаин.
Првичните информации укажуваат дека се разбива нова група што делувала на подрачјето на Скопје.