Skip to main content
Хроника

Приведен турски државјанин на скопскиот аеродром поради незаконски престој во Македонија

08/10/2025  13:50


На 07.10.2025 година во 19:30 часот, на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници привеле 32-годишен државјанин на Република Турција, со иницијали Ф.Г., на излез од државата.

При извршена гранична контрола било утврдено дека лицето незаконски престојувало на територијата на Република Македонија.

Ф.Г. е сместен во Прифатниот центар за странци во Скопје, а против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.