
Лавдрим Касами, синот на тетовскиот градоначалник Билал Касами добил повик да настапи за албанската У19 фудбалска репрезентација.
Фудбалската федерација на Албанија го повикала младиот Касами кој настапува за Шкендија од Тетово, за пријателските мечеви против Ирска.
Веста, ја соопшти лично Билал Касами на социјалните мрежи.
„На врвот од кампањата, најубавата вест што ме направи неизмерно среќен дојде од Тирана. Мојот син, Лавдрим, кој игра за возрасните групи на Шкендија, доби покана од фудбалската репрезентација на Албанија до 19 години за два пријателски натпревари против Ирска. Ви благодарам, ФШФ! Честитки, Лавдрим!“ пишува Касами.