Skip to main content
Македонија

Французите заинтересирани за туристичниот потенцијал  во Општина Пустец

07/10/2025  19:58

Претставници од организациите TETRACTYS и Геомједис, поддржани од француската Амбасада, денеска беа во посета на Пустец, каде имаа средба со градоначалникот Пали Колефски и претставници од секторот за туризам.

-Посетата е во рамки на иницијатива за запознавање со туристичките потенцијали на југоисточниот регион на Албанија, вклучително и областа Мала Преспа. Целта е вклучување на Преспа во туристичките промоции, со што ќе се придонесе за зголемување на бројот на посетители и меѓународна промоција на регионот, објави Општина Пустец.

Оттаму посочуваат дека за време на престојот во Пустец, гостите се запознале со „бројните атракции во регионот и познатите, но и оние што сè уште не се истражени  и изразија подготвеност за нова соработка и заеднички проекти во иднина”.

Градоначалникот Колефски ја истакнал подготвеноста на Општина Пустец за секоја соработка што има за цел развој на туризмот, зајакнување на локалната економија и подобрување на благосостојбата на заедницата. 

Како што претходно изјави за МИА, градоначалникот Колефски, бројот на туристи кои ја посетуваат областа е во постојан раст. Годинава, за девет месеци ја посетиле околу 50 илјади туристи.