Skip to main content
Македонија

Коалицијата ВЛЕН најостро осудува насилство во Куманово

07/10/2025  16:25

Коалицијата ВЛЕН изразува длабоко жалење по повод настанот во Куманово, при кој беше повреден д-р Зекрија Шаини.

Во својата реакција, коалицијата најостро ја осудува секоја форма на насилство и упатува апел до граѓаните за смиреност, воздржаност и почитување на надлежните институции, кои се задолжени целосно да го расветлат случајот.

„Насилството нема место во нашето општество, и ниту една околност не може да биде оправдување за дела што го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните“, истакнуваат од ВЛЕН.

Коалицијата апелира до истражните органи што побрзо да ги утврдат мотивите и сторителите на овој чин, повикувајќи на одговорно постапување и предупредувајќи дека ваквите случаи не смее да се злоупотребуваат за политички цели.