Skip to main content
Македонија

Пукање во центарот на Куманово – повреден носител на советничка листа од Липково

07/10/2025  15:09

Зекирија Шахини (43) од село Слупчане, општина Липково, носител на листата кандидати за советници во Општина Липково, е лицето кое денеска беше повредено во вооружен инцидент пред зградата на Општина Куманово, јавува порталот Кумановски муабети.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, инцидентот се случил денеска (07.10.2025) во 13:54 часот, на крстосницата меѓу улиците „Димитрије Туцовиќ“ и „11 Октомври“ во Куманово.

„Две лица во движење од огнено оружје пукале кон патничко возило фолксваген голф управувано од З.Ш. (43) од село Слупчане, кој се здобил со повреди и бил пренесен во Кумановската болница за укажување медицинска помош“, соопштија од полицијата.

Од СВР Куманово наведуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на напаѓачите.