Skip to main content
Скопје

Ѓорѓиевски: Поддршката од најдобрите е мотив за победа на Скопје!

06/10/2025  21:00

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека добил поддршка од дел од македонските фудбалски репрезентативци.

„Поддршката од најдобрите многу ми значи! Вечерва имав огромна чест да се дружам со Александар Трајковски, Милан Ристовски, Виктор Серафимовски и Дамјан Шишковски — вистински спортски херои кои со срце и посветеност ги бранат боите на Македонија,“ напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

Тој им се заблагодари на репрезентативците за поддршката во пресрет на локалните избори за град Скопје и порача дека нивната верба е дополнителен мотив да продолжи уште посилно во кампањата.

„Со тимски дух и јасна цел – победа за подобро, модерно и достоинствено Скопје!“, додава Ѓорѓиевски, честитајќи им на спортистите за нивните успеси и посакувајќи им уште многу победи во националниот дрес.