Skip to main content
Македонија

Фон дер Лајен следната недела доаѓа во Скопје

06/10/2025  17:28

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен следната среда ќе пристигне во посета на Скопје.

Официјалната агендата уште не е соопштена, но познато е дека шефицата на ЕК ќе се сретне со целиот државниот врв.

Посетата доаѓа во време кога македонската влада најави дека по завршувањето на изборите и стартот на новата година ќе се интезивира дијалогот со официјална Софија.

На шефицата на ЕК денеска и претходеше министерката за Европа на Австрија, Клаудија Плакхолм која е во официјална посета на Македонија и најави дека Австрија и Словенија, заедно со Германија и Италија иницираат до Европската комисија промена на процесот на одлучувањето за пристапувањето на земјите кандидатки и тоа со употреба на квалификувано мнозинство за техничките меѓу чекори, а едногласност за почетокот и крајот на преговорите.