Skip to main content
Скопје

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром излажа за 4 градинки, сега ветува 5 – лагата ја менуваат со поголема лага

06/10/2025  10:24

Реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО ДПМНЕ:

Во изминатите четири години, ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром не изгради ниту една од ветените четири нови градинки.

Овие градинки беа прв приоритет во програмата на Муцунски и Митески, со кои ја бараа довербата на граѓаните – нови објекти во Острово, Мичурин, Лисиче и Долно Лисиче.

Четири години подоцна, резултатот е јасен: ниту една од овие ветени градинки не е изградена.

Денеска, Митевски по стапките на Муцунски пред граѓаните настапува со поголема лага: дека ќе изгради 5 нови градинки.

Ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром е безобразно и срамно!

Над 700 деца секоја година остануваат на листа за чекање поради недостиг на капацитети.

Затоа го прашуваме в.д. градоначалникот Дејан Митески и неговиот претходник Муцунски:

Каде е ветената градинка кај ОУ „Браќа Миладиновци”?

Каде е ветената градинка во дворот на ОУ „Блаже Конески”?

Каде е ветената градинка кај последна 17-ка на Тодор Чангов?

Каде е ветената градинка во Долно Лисиче?

Полни усти со ветувања пред изборите во 2021 година, 4 години подоцна уште поголеми ветувања, а нула реализација.

Граѓаните на Аеродром не заслужуваат вакви лажни проекти и лажни ветувања.

Времето на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митески во општина Аеродром, заврши!