Skip to main content
Скопје

(ФОТО) Водовод го санира дефектот во Влае

06/10/2025  09:58

Екипи на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје утрово работат на санирање на дефектот во скопската населба Влае.

Синоќа, пукна една од главните цевки Ф600 поради што додје до поплава на улицата „Франце Прешерн“ и без вода остави поголем дел од Скопје.

Иако интервенцијата беше планирана за синоќа, сепак на остранување на дефектот се работи утрово, а од „Водовод“ најавуваат брзо решавање на проблемот.