Skip to main content
Спорт

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

04/10/2025  18:30

Без победник со идентични 1-1 завршија пресметките меѓу АП Брера – Башкими и Шкупи – Работнички во двата денешни натпревари во рамки на 9. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Шуку му донесе предност на Шкупи во 25 минута, а Адем го постави конечниот резултат во 61 минута. За Шкупи ова е премиерен бод во новата сезона со кој остана на последното место, додека Работнички е место погоре со пет бодови.

Башкими на гостувањето во Струмица дојде во водство во 35 минута со голот на Авронио, а домашниот тим избегна пораз во 89 минута кога Ндзенге беше прецизен од белата точка.

Во воведниот натпревар од ова коло, Македонија ЃП вчера го совлада Арсими со 4-1, додека утре на програмата се дуелите меѓу Силекс – Тиквеш и Вардар – Струга. Колото в понеделник ќе го комплетираат Пелистер и Шкендија.

Табела: Струга 22, Вардар 20, Шкендија 20, Башкими 17, Силекс 15, Македонија ЃП 12, АП Брера 11, Арсими 8, Тиквеш 8, Пелистер 6, Работнички 5, Шкупи 1.