Skip to main content
Балкан

Жена го пропуштила авионот во Софија, па јавила дека има бомба за да го одложи летот

04/10/2025  14:39

Закана за бомба во авион била пријавена вчера во авион кој од Софија требало да лета за Лондон, пренесува 24 часа. Од таа причина авионот доцнел со полетувањето.

Летот бил закажан за 19 часот, а жена доцнела на летот, по што се јавила на бројот за итни случаи, и пријавила дека во него има бомба. Сепак, жената не се качи на авионот, затоа што веднаш беше приведена од полицијата.

Таа има 52 година, и немала криминално досие. Против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од бугарската полиција.