
Нов случај во Скопје каде заталкан куршум оштети возило.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (03.10.2025) во 12:30 часот во СВР Скопје, А.Д.(50) од Скопје пријавил дека на 29.09.2025 во кругот на приватна фирма на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, каде што работел, забележал оштетување на кровот на патничко возило „тојота“ од заталкано зрно од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.