Skip to main content
Хроника

Кичевчанец возел со 2,11 промили алкохол во крвта

04/10/2025  12:40

Вчера во 00:30 часот, на улица „Магистрален пат“ во Кичево, лишен од слобода е В.А..(52) од Кичево.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „бмв“ со кичевски регистарски ознаки, што тој го управувал и притоа, кај него констатирале 2,11 промили алкохол во крвта, соопшти Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 од Кривичниот законик „ безобѕирно управување со моторно возило“.