
Вчера во 16:10 часот, полициски службеници на улицата „Кленоец“ во Охрид, го приведоа Д.В.(29) од Охрид, кој бил затекнат додека се движел низ простории од поранешната касарна во Охрид.
При обид за легитимирање, тој бил агресивен кон полициските службеници. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.