Skip to main content
Македонија

79 годишен велешанец, прв македонец кој ќе носи алка наместо да лежи во затвор

02/10/2025  17:41

Лице на 79 годишна возраст од Велес е првото осудено лице во Македонија на кое му е изречен куќен затвор во траење од три месеци со електронска алка на ногата. Тој е осуден за сторено кривично дело, полово вознемирување.

Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов за Тв 24 вели дека по подготовка на индивидуална програма од страна на пробациски службеник ќе биде поставена опремата за електронски надзор на осуденото лице.

„Имаме одделение во Управата за извршување на санкции за електронски надзор, кога ќе ја добиеме потврдно пресудата од судот, ќе појдеме и ќе се постави алката на осуиденото лице. Има најава, но ние во Управата ја немаме добиено пресудата за уште една пресуда во Битола и за затвореник кој е во странство осуден на куќен затвор, но е македонски државјанин и ќе биде донесен во Макеоднија. И кај него ќе биде поставена алката и ќе биде под, така да речам лектронски надзор.“, вели Александар Пандов-директор на Управа за извршување на санкции.

Тој вели дека воведувањето на електронска алка треба да го намали притисокот врз затворите и да ги намали трошоците за извршување на санкциите.

Целиот текст прочитајте го на Телевизија 24 со клик ТУКА.