Skip to main content
Скопје

Мециновиќ: Од сабајле до вечер ќе бидеме на улица помеѓу граѓаните

30/09/2025  19:57

Изјава на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната средба со граѓани на ул. ,,Македонија”:

„Ние, како што знаете, добивме забрана за рекламирање на медиумите, но тоа значи дека следните дваесет дена ние ќе ги поминеме на улица од сабајле до вечер, без бини, без гламурозни манифестации. 

Секој скопјанец ќе може да дојде и да разговара со нас, затоа што конечно градските власти и после изборите треба да се вратат потполно доле на теренот и да разговараат со луѓето за нивните проблеми. 

Не ни се потребни прескапи студии, потребни ни се политичари кои се помеѓу својот народ за да можат да го опипаат неговиот пулс и да ги дадат вистинските решенија.”