
57-годишен државјанин на Северна Македонија е тешко повреден во Рабац, на Истра во Хрватска, ноќта од недела кон понеделник, 29 септември, околу 1:30 часот по полноќ.
Инцидентот се случил во туристички објект, соопшти Полициската управа на Истра. На повредениот му е укажана медицинска помош во Општата болница во Пула, каде му се констатирани тешки телесни повреди, поради што е задржан на понатамошно лекување.
Полициската истрага е во тек Полициските службеници преземаат сите потребни мерки и дејствија за да ги утврдат сите околности на овој настан и да расветлат како е повреден мажот.