Skip to main content
Хроника

Двегодишно дете хоспитализирано во Куманово поради голтање на таблета

29/09/2025  15:32

Уште едно дете е затруено во Куманово, потврдија од СВР Куманово. Станува збор за двегодишно дете од липковското село Отља кое испило таблета.

Од Општата болница во Куманово информираа дека детето веднаш било донесено и му била укажана соодветна лекарска помош. По интервенцијата, неговата здравствена состојба е стабилна и надлежните уверуваат дека не е во животна опасност.

Случајот е евидентиран во полиција, а се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои дошло до труењето.