Skip to main content
Економија

Од полноќ повисоки цени на дел од горивата

29/09/2025  15:02

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49 отсто во однос на одлуката од 22 септември 2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) остануваат непроменети.

Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денари по литар, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС расте за 0,644 денари по килограм и сега ќе изнесува 37,591 денари/кг.

Од 30 септември 2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС – 95: 75,50 ден/л, ЕУРОСУПЕР БС – 98: 77,50 ден/л, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 69,50 ден/л, Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 69,50 ден/л, Мазут М-1 НС: 37,591 ден/кг.