
Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје, во координација со Основно јавно обвинителсто Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Т.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста” и „изнуда”.
На 26.09.2025 во 16:50 часот во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода пријавениот, постапувајќи по претходна пријава дека подолг период се заканувал на неговата 43-годишна сопруга и ѝ барал пари.
Од судија на претходна постапка нему му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.