
На 27.09.2025 во 11:35 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на крстосницата од ул. „Димитар Влахов“ и ул. „Павлина Вељанова“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.Ј. (24) од с. Чешиново, и патничко возило „форд фиеста“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Б.С. од Кочани.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Ј., а неговиот сопатник С.Е. (26) од с. Чешиново добил телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.