Skip to main content
Свет

Силен земјотрес регистриран во западна Турција – почувствуван во Истанбул и Измир

28/09/2025  13:10

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес во 12:59 часот по локално време во западна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Како што објавија медиумите во Турција, земјотресот бил почувствуван и во Истанбул и Измир, како и на многу други места во Мраморното и Егејското Море.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри, на 15 километри од Симав и 71 километар од Ушак, во близина на Кутахја.