Skip to main content
Хроника

Претрес во Скопје, пронајдена марихуана, лишени од слобода две лица

28/09/2025  11:55

На 27.09.2025 во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.З.(27) и М.П.(25) двајцата од Скопје.

При претрес во домот на А.З., извршен со судска наредба, во кој бил затекнат и М.П., биле пронајдени и одземени марихуана, стебла од растението канабис и дробилка со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.