Skip to main content
Балкан

Цистерни полни со нафта излетаа од шини кај Косјериќ

28/09/2025  09:13

Две цистерни полни со нафта се излетаа од шини синоќа на железничката пруга Ваљево-Косјериќ близу местото Ражана, објавија локалните медиуми.

Две цистерни полни со нафта беа на крајот од композицијата што се движеше кон Косјериќ, објави порталот „Глас западне Србија“.

Засега не е познато што предизвикало цистерните да излезат од шините, како и дали имало излевање нафта.

Фото: Српско Министерство за градежништво и сообраќај