
Денеска времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури се движат од 8 до 15 степени, додека максималните ќе достигнат од 13 до 21 Целзиусов степен.
Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи и слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне 19 степени.
Според најавите на синоптичарите, локални врнежи од дожд ќе има и утре, по што во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно. Од четврток, пак, следува нов влажен и постуден бран со пообилни врнежи и со значителен пад на температурите.