Skip to main content
Македонија

Утре повторно „Марш за ангелите“ во Кочани

26/09/2025  18:16

Утре во Кочани по 24-ти пат ќе се одржи „Маршот за ангелите“ на семејствата и роднините на загинатите од пожарот во дискотеката Пулс. Протестот ќе започне во 17:05 часот.

Маршот ќе почне од Паркот на Револуцијата, продолжува кон Трговскиот центар, па кон Управата за јавни приходи. Ќе се направи кратко запирање на кружниот тек меѓу Основниот суд, Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи – Кочани, за да им оддадеме почит на нашите деца. Потоа колоната ќе продолжи кон Министерството за внатрешни работи, оттаму кон Основниот суд, а маршот ќе заврши со враќање во Паркот на Револуцијата, се истакнува во известувањето од организаторите на Маршот.