Skip to main content
Хроника

Со електричен тротинет прегазил пешак и избегал, жената со тешки повреди пренесена во болница

26/09/2025  17:32

Вчера околу 14:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Горна чаршија“ во Тетово, електричен тротинет удрил во пешакот И.Ф.(76) од Тетово, по што возачот со тротинетот го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.Ф., констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за расчистување на случајот.