
На 26.09.2025 во 01:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.С.(34) од Штип.
На автопатот А1 во правец Градско-Велес, со патничкото возило „фолксваген“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање, но по преземени мерки мерки на место викано „Штипска клучка“ бил пресретнат и го запрел возилото.
Од извршените проверки е констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,81 промили алкохол во крвта, по што е задржан во полициска станица.