
На 25.09.2025 во 14:00 часот во СВР Тетово, 57-годишник од тетовско село пријави дека бил измамен од Т.„Н” од Тетово за сума од 800 евра. Според пријавеното, во октомври 2024 година лицето му ветило дека ќе му заврши работа да зема надоместок за помош за себе и неговата сопруга, по што му ги дал парите и заедно ги поднеле документите во Центарот за социјални работи Тетово.
Како што е пријавено, откако му било одбиено барањето, не можел повеќе да го добие лицето на телефон, а случајно се сретнале на денот на пријавувањето, по што лицето побегнало и тој сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.