Skip to main content
Хроника

Цистерна со нафта излета од патот и се преврте кај Гевгелија – Пожарникарите се на терен

25/09/2025  12:56

Цистерна со нафта се запалила утрово откако излетала на патот Гевгелија – Богданци, но пожарот бил брзо изгаснат од пожарникарите. Поради инцидентот сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци е во прекин, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртеле после што дошло до истекување на нафта и палење на истата. ТППЕ Гевгелија брзо стигна на местото на несреќата и со специјална пена го изгаси огнот кој предизвика силен црн чад и во овој момент имаат целосна контрола, вели Ангелов.

Тој додава дека истекувањето на нафтата продолжува понатаму, но оти опасноста од појава на нов оган е сведена на минимум.

Ангелов најави дополнителни информации за следните чекори за справување со ситуицјата.