
Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, во нашата Република Македонија следува променливо време со повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи. Повеќе врнежи ќе имаме за време на викендот како и во почетокот на следната седмица кога во исто време од исток и од североисток кон нашата Македонија ќе продира значително поладен воздух кој ќе ги спушти температурите дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ги имаме сега.
И во Скопје и околината исто така особено во петок, како и за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни. За време на овој период ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, најизразен долж Повардарието.
За време на оваа серија на влажни воздушни бранови поврзани со циклонот од Џенова, локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25/30 литри дожд на метар квадратен. Температурите особено од викендот како и во текот на следната седмица ќе бидат потпросечни за самиот крај на септември и за почетокот на октомври и тие ќе се искачуваат во интервалот само од 13 до 20 степени.
Наутро пак температурите ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 14 степени.
Да напоменам дека викендов како и во текот на следната седмица не се искалучува можноста на највисоките планински места во нашата Македонија (над 2000 метри надморска височина) да ги имаме и првите врнежи од снег за оваа сезона.
Се на се, вистинската есен доаѓа во нашата Македонија која ќе ни донесе многу пониски температури на воздухот и чести, повремено и обилни врнежи од дожд.