Skip to main content
Скопје

Од 111 жители на Трубарево на скринингот денес, 11 испратени на Пулмологија

25/09/2025  10:50

На првиот ден од медицинскиот скрининг во Трубарево по пожарот со електронски отпад прегледани се 111 жители, од кои 11 се упатени на дополнителни испитувања на Клиниката за пулмологија.

Скринингот ќе продолжи и наредните денови, а според протокол ќе се повтори по три и по шест месеци.

По пожарот на 13 септември беа регистрирани високи концентрации на тешки метали во воздухот – кадмиум над 10 пати повеќе од дозволеното, како и зголемено присуство на олово и арсен.