
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на јавна седница преку жрепка ја утврди единствената листа на кандидати и нивните редни броеви за Локалните избори 2025.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи под број 9, додека опозициската СДСМ ќе се најде на избирачкото ливче со број 5.
Ова е целосната листа со редни броеви под кои ќе бидат запишани партиските кандидати за градоначалници кои доаѓаат од редовите на парламентарните партии:
- Искуство за успех
- ЗНАМ
- Демократска партија на Србите
- Национална Алијанса за интеграција НАИ-ДУИ
- Коалиција за локални избори 2025 – СДСМ
- Левица
- Коалиција Влен
- Коалиција за Зелена иднина
- Коалиција „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ
На дополнително жребување ќе се одредат и редните броеви на кандидатите кои доаѓаат од вонпарламентарните партии и независните граѓански листи.
Според утврдениот календар, изборната кампања ќе започне во понеделник, на 29 септември, и ќе трае до 17 октомври, односно 24 часа пред денот на изборите.
Граѓаните на 19 октомври ќе гласаат за избор на градоначалници и членови на општинските совети, додека евентуалниот втор круг на изборите е закажан за 2 ноември.