Skip to main content
Хроника

Кривична за 19-годишен охриѓанец, со нож нападнал врсник

24/09/2025  13:42

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.A.(19) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. Тој, на 14.09.2025 во 05.10 часот, во продажен објект, а потоа и надвор од објектот, лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид, со нож го нападнал Х.С.(20) од Охрид.

Напаѓачот веднаш е лишен од слобода, а повредениот со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Општата болница во Охрид за укажување на помош.