Skip to main content
Хроника

Вчера 644 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода пет возачи поради безобзирно управување со возило

24/09/2025  11:12

Во текот на вчерашниот ден (23.09.2025) во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, вкупно беа санкционирани 644 прекршоци, од кои што во најголем дел се сообраќајните прекршоци што се однесуваат на непрописно паркирање 183, како и на управување на возило со брзина поголема од пропишаната 158 прекршоци.

Покрај ова во текот на вчерашниот ден, согласно одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, беа изречени и 82 прекршоци за возачи што управувале возила без возачка дозвола, потоа евидентирани биле 33 прекршочни санкции за користење на мобилен телефон и 37 прекршоци заради неносење сигурносен појас, додека пак за неносење заштитен шлем биле санкционирани 27 возачи на мотоцикл.

Исто така, санкционирани се двајца возачи на електрични тротинети, петмина возачи што минале на црвено светло како и 10 возачи што управувале возило со недозволено количество алкохол во крвта. Воедно од страна на полициските службеници вчера беа лишени од слобода и петмина возачи на кои што ќе им бидат поднесени кривични пријави по основ на член 297-а од КЗ на РСМ („безобзирно управување моторно возило“) затоа што кај нив се детектирани вредности на алкохол во крвта над 1,5 промили. Инаку, согласно Законот за возачи вчера од сообраќај беа отстранети 16 возила заради непоседување важечка сообраќајна дозвола, како и четири возила заради техничка неисправност.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.